Повеќе за Нас
На надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.
Во самиот центар на туристичкиот центар ќе го пронајдете Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” кој е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности. Амбиентот во ресторанот е автентичен за Осоговијата и благодарение на прекрасниот македонски мелос и вкусните македонски јадења, богати со дивеч и разновидни специјалитети типични за овој предел, Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднебје.
Поволната клима, чистиот воздух и природните убавини се одлична можност за одмор на телото и умот. Прошетките и моментите кои ќе ги имате тука ќе бидат незаборавни.
Разгледајте ја нашата веб страница за да се запознаете подетално со Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” и неговата околина. Ве очекуваме!