Синоним за Релаксација
Туристичкиот ски центар Пониква се наоѓа на надморска височина од 1.650 метри, приближно 20 км од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.
Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности. Амбиентот во ресторанот е автентичен за Осоговијата и благодарение на прекрасниот македонски мелос и вкусните македонски јадења, богати со дивеч и разновидни специјалитети типични за овој предел. Поволната клима, чистиот воздух и природните убавини се одлична можност за одмор на телото и умот. Прошетките и моментите кои ќе ги имате тука ќе бидат незаборавни.
Разгледајте ја нашата веб страница за да се запознаете подетално со Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” и неговата околина. Ве очекуваме!